|
Доколку Вие се немате самостојно регистрирано како член во маркетинг мрежата, Blue Zone нема никогаш да Ви испрати никакви рекламни содржини.
Треба да знаете дека доколку без Ваше барање добиете СМС пораки од: Blue Zone; BlueZone; Blue.Zone или Blue_Zone, со текст кој содржи код и известување за регистрација на www.bluezone.com.mk, истите Ви се испратени затоа што некој неовластено го употребил Вашиот телефонски број, со цел да се регистрира во маркетинг мрежата на Blue Zone. Ваквите пораки, Ве молиме целосно да ги игнорирате, затоа што регистрацијата на лицето кое го употребило Вашиот број, без да го внесе кодот е целосно неуспешна.
Одредени СМС пораки кои сте ги добиле испратени од нашиот систем, покрај текстот содржат и одредени рекламни содржини. Треба да знаете дека истите не се испраќаат директно од страна на Blue Zone.
Ваквите спонзорирани СМС пораки им се понудени бесплатно на членовите од страна на Blue Zone и истите содржат одредена рекламна содржина, со цел да се покријат трошоците за нивното испраќање. Конечната одлука за нивното испраќање ја даваат самите членови, со што ја превземаат одговорноста за целата содржина на таквите пораки.
Членот што Ви ја испратил СМС пораката, можете да го идентификувате по телефонскиот број од кој е испратена истата. Вообичаено, но не загарантирано, најбрз начин да го идентификувате членот што Ви ја испратил СМС пораката е доколку телефонскиот број од кој Ви е испратена СМС пораката е поврзан со контакт од именикот на Вашиот мобилен телефон.
Ваквите спонзорирани пораки вообичаено ќе ги добивате од Вашите роднини и пријатели, со кои имате вообичаена комуникација. Како и да е треба да бидете информирани дека одредени членови можат да Ви испраќаат пораки, иако не Ве познаваат или пак, по случајна грешка, идентично како што тоа се случува и со обичните СМС пораки кои се испраќаат преку телефон.
Доколку континуирано добивате СМС пораки, а истите не сакате да ги добивате во иднина, на располагање имате 3 опции:
- Прво, можете да го информирате членот со СМС порака или повик од Вашиот телефонски број, дека повеќе не сакате да добивате пораки од него, идентично како што тоа се случува и со обичните СМС пораки преку телефон. Ваквиот начин не гарантира дека пораките нема да ги добивате во иднина, а исто така со него имате и одредени трошоци.
- Второ, можете да ги блокирате идните СМС пораките од членот, врз основа на Ваше барање до Blue Zone, со кликнување на линкот Блокирај СМС пораки од член и пополнување на формата. Ваквото барање подлежи на валидација од страна на Blue Zone, со цел да се спречат можните злоупотреби. Доколку барањето е валидно, тогаш овој начин гарантира дека во иднина нема да ги добивате пораките од членoт што сте го блокирале.
- Трето, можете да ги блокирате идните СМС пораки од сите членови на Blue Zone, врз основа на Ваше барање, со кликнување на долунаведениот линк Блокирај СМС пораки од сите членови на Blue Zone и пополнување на формата. Ваквото барање подлежи на валидација од страна на Blue Zone, со цел да се спречат можните злоупотреби. Доколку барањето е валидно, тогаш овој начин гарантира дека во иднина нема да добивате пораки од членовите на Blue Zone.
ЗАБЕЛЕШКА: На овој начин ја елиминирате и комуникацијата со Вашите роднини и пријатели, кои се членови на Blue Zone и од кои сакате да добивате пораки.
Доколку сакате да блокирате СМС од одреден член на Blue Zone, кликнете на линкот:
Блокирај СМС пораки од член
Доколку не сакате повеќе да добивате пораки од сите членови на Blue Zone, кликнете на линкот:
Блокирај СМС пораки од сите членови на Blue Zone
Доколку верувате дека некој успеал неовластено да се регистрира со Вашиот телефонски број, во Ваше отсуство, Ве молиме навремено да не контактирате со цел да извршиме соодветна корекција.
|