Верзија 1.0 
Почетна Контакт Мапа на сајтот
СМС Сандаче Моја сметка
    

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА


*Доколку сликата покажува Оn-line, можете да не контактирате во реално време, преку прозорец за разговор со нашиот Центар за подршка.




РЕГИСТРАЦИЈА

За да бидете дел од нашата маркетинг мрежа потребно е:
  • да ја пополните интернет регистрациона форма и да се согласите со условите за употреба
  • да имате сопствен телефонски број од некој мобилен оператор во Македонија и истиот активно да го користите
  • да имате сопствена е-пошта
Во согласност со Условите на употреба, личните податоци со кои ја извршувате регистрацијата, треба да бидат целосно точни и ажурни, како главен услов за членство во нашата маркетинг мрежа.

Вашите лични податоци треба да бидат точни и затоа што истите се неопходни за одредена заработка и бенефити. Конкретно, договорите на дело за исплата на одредена парична заработка, се изработуваат врз основа на Вашите лични податоци од регистрацијата.

Вашите податоци треба да бидат точни и за да Ви се испраќаат соодветни понуди за активности од кои ќе заработувате и ќе се информирате.

Валидната е-пошта претставува Ваша сопствена е-пошта врз која е извршена успешна валидација за време на регистрацијата, со која се потврдува дека истата е во Ваша сопственост.

Валидацијата се врши со испраќање на линк за валидација на Вашата е-пошта и истиот треба само едноставно да го кликнете за да ја потврдите сопственоста.

Валиден телефонски број е Ваш сопствен број врз кој е извршена успешна валидација за време на регистрацијата, со која се потврдува дека истиот е во Ваша сопственост.

Валидацијата се врши со испраќање на код за валидација, во вид на СМС порака до Вашиот мобилен телефон, веднаш по успешната валидација на Вашата е-пошта.

За да ја комплетирате валидацијата на телефонскиот број, потребно е кодот кој сте го добиле преку СМС да го внесeте во предвиденот поле во формата за регистрација.




ЗАРАБОТКА
Заработката можете да ја остварувате во поени и во паричен надомест.
Заработката во поени ја остварувате по основ на сите начини, за кои не е потребно Ваше физичко присуство односно за Вашите активности кои се вршат само преку интернет и телефон.
Пр: добивање рекламни СМС и ММС на Вашиот мобилен телефон, пополнување на интернет анкети и сл.

Паричен надомест, главно остварувате за начините кои бараат Ваше физичко присуство на одредена локација, со цел да извршите некоја дополнителна активност.
Пр: учество во фокус група и улога на таен купуван на одредена локација.

Заработката во поени е достапна на Вашата интернет сметка и веднаш по завршените активности, можете да ја користите за остварување на одредени бенефити, преку нашиот систем и нашата партнерска мрежа низ цела Македонија.
Рекламните пораките кои ги испраќаме до нашите регистрирани членови се потполно транспарентни. Нив можете да ги препознаете доколку телефонот Ви покажува дека се испратени од билo кој од овие називи: Blue Zone; BlueZone; Blue.Zone или Blue_Zone.

Сите пораки кои се испратени од нашиот систем до Вашиот телефонски број, исто така можете да ги проверите во СМС делот односно Примени СМС од Blue Zone, откако ќе се најавите во системот со Вашето корисничко име и лозинка.

Доколку пораката која сте ја добиле содржи било кој од горенаведените називи и доколку истата се наоѓа во делот на Примени СМС од Blue Zone, можете да бидете 100% сигурни дека истата потекнува од нас и дека Ви носи одредена заработка.

Со цел да се спречат било какви грешки или злоупотреби, Ве молиме за заедничка соработка. Доколку забележите одредени неправилности или СМС и ММС пораки, за кои можете да потврдите дека се од Blue Zone; BlueZone; Blue.Zone или Blue_Zone, а истите не се видливи во делот Примени СМС од Blue Zone, Ве молиме да не известите на нашата е-пошта clenovi@bluezone.com.mk .

Во случај да не постои грешка од наша страна, ваквите СМС и ММС пораки претставуваат законски прекршок извршен од некоја трета страна. За ваквите случаи треба да се покрене соодветна законска постапка пред надлежните органи, за лажно претставување (во името на Blue Zone) и испраќање на СПАМ(кон Вас), со наша заедничка соработка.

Распределбата на заработка од рекламните СМС и ММС пораки, се врши врз основа на статусот на испратената порака до Вас. Доколку статусот покажува дека успешно сте ја примиле пораката, системот автоматски Ви доделува одреден број на поени.

Во спротивно, системот претпоставува дека телефонот Ви е исклучен или недостапен заради некоја друга причина. Во овој случај пораката вообичаено се чува кај Вашиот мобилен оператор одреден период и истата Ви се испорачува во моментот кога ќе го приклучите Вашиот телефон и после тоа се доделуваат поени. Доколку овој период е поголем, постои можност пораката да не ја добиете, а со тоа и да не добиете одредена заработка во поени.

Минимум 2 дена пред остварувањето на рекламните телефонските повици или анкети, ќе бидете задолжително известени со соодветно соопштение на Вашето виртуелно сандаче во системот.

Соопштението ќе го содржи телефонскиот број од кој ќе биде воспоставен телефонскиот повик, должината на телефонскиот повик (точна за рекламните повици и приближна за анкетите), а доколку е можно ќе биде вклучен и датумот на кој ќе се воспостави телефонскиот повик.

Рекламните телефонски повици ќе содржат и задолжителна најава за идентификација на Blue Zone, пред почетокот на рекламната содржина, а телефонските анкети ќе бидат водени автоматски или од страна на лице - оператор кој соодветно ќе се идентификува.

Доколку сте примиле соопштение на Вашето виртуелно сандаче и доколку постои соодветна идентификација при телефонскиот повик, можете да бидете 100% сигурни дека истите потекнуваат од нас и дека Ви носат одредена заработка.

Со цел да се спречат било какви грешки или злоупотреби, Ве молиме за заедничка соработка.
Доколку забележите одредени неправилности или рекламни телефонски повици и анкети, кои ги добивате без соодветни соопштенија на Вашето виртуелно сандаче со идентификација на Blue Zone, Ве молиме да не известите на нашата е-пошта clenovi@bluezone.com.mk .

Во случај да не постои грешка од наша страна, ваквите телефонски повици претставуваат законски прекршок извршен од некоја трета страна. За ваквите случаи треба да се покрене соодветна законска постапка пред надлежните органи, за лажно претставување (во името на Blue Zone) и испраќање на СПАМ(кон Вас), со наша заедничка соработка.

Распределбата на заработката од рекламните телефонски повици, се врши врз основа на тоа дали сте го примиле повикот и дали истиот бил во целосно времетраење потребно за слушање на рекламата. Доколку сте го примиле и ислушале телефонскиот повик во целост, Ви се доделуваат одреден број на поени.

Распределбата на заработката од телефонските анкети, се врши врз основа на тоа дали сте го примиле повикот и дали сте на одговориле на сите прашања.

Распределбата на заработката од рекламните е-пошта, се врши врз основа на статусот на испратената порака до Вас. Доколку статусот покажува дека сте ја прочитале пораката, системот автоматски Ви доделува одреден број на поени.

Распределбата на заработка од интернет анкети, се врши кога ќе ја комплетирате целата анкета односно кога ќе одговорите на сите прашања.

Распределбата на заработката од рекламните интернет игри, се врши кога ќе ја завршите играта, кога ќе освоите одреден број на поени и сл.

Горенаведените начини на заработка, Ви се достапни во Вашето виртуелно сандаче, откако претходно ќе се најавите во нашиот систем. Истите имаат определен период во кој треба да се комплетираат со цел да ја остварите Вашата заработка, затоа што истите се замрзнуваат после тој период, а со тоа не можат и да се комплетираат за да остварите одредена заработка.

Минимум 2 дена пред остварувањето на рекламните телефонските повици или анкети, ќе бидете задолжително известени со соодветно соопштение на Вашето виртуелно сандаче во системот.

Рекламната пошта испратена од Blue Zone, се испраќа на Вашата адреса од регистрацијата и е адресирана лично до Вас. Истата се испраќа во коверт или пакет брендиран со логото на Blue Zone.

Со цел да се спречат било какви грешки или злоупотреби, Ве молиме за заедничка соработка.
Доколку забележите одредени неправилности или рекламна пошта, која ја добивате без соодветни соопштенија на Вашето виртуелно сандаче и со идентификација на Blue Zone, Ве молиме да не известите на нашата е-пошта clenovi@bluezone.com.mk .

Во случај да не постои грешка од наша страна, ваквaта пошта претставува законски прекршок извршен од некоја трета страна. За ваквите случаи треба да се покрене соодветна законска постапка пред надлежните органи, за лажно претставување (во името на Blue Zone) и испраќање на СПАМ(кон Вас), со наша заедничка соработка.

Распределбата на заработката од рекламната пошта, се врши врз основа на статусот на испратената пошта до Вас.

За да докажете дека сте ја добиле рекламната пошта, потребно е да го пронајдете кодот за валидација, кој се наоѓа во внатрешноста на ковертот или пакетот. Кодот треба да го внесете во делот Моја сметка откако претходно ќе се најавите во системот со Вашето корисничко име и лозинка.

Доколку кодот за валидација е точен системот автоматски ќе Ви распредели определен број на поени.

Распределбата на заработката од учеството во фокус групата се врши по завршувањето на состанокот на групата.

Распределбата на заработката од улогата на таен купувач се врши по завршувањето на активностите и доставувањето на извештај од Ваша страна според пропишаниот начин од Blue Zone.




БЕНЕФИТИ
Вашите поени кои ги заработувате преку нашата маркетинг мрежа, можете на едноставен начин да ги претворите во вредносни ваучери. Тоа можете да го направите во Моја сметка, во делот Поднеси барање. Вредносните ваучери ги добивате како вредносен код и истите можат да гласат на одредени парични износи, производи или услуги. За да добиете вредносен ваучер мора да имате определен минимален број на поени.

Пример за код од вредносен ваучер: БР. 22 X9YUO7 – PQ4

Со оглед на тоа дека уште при самото генерирање ваучерот е поврзан со одреден партнер, истиот може да се реализира само кај партнерот за кој е издаден, со негово едноставно приложување при плаќањето.

Се надеваме дека во блиска иднина ќе успеме да воведеме вредносни ваучери кои нема да бидат врзани за одреден партнер, односно ќе можат да се искористат кај било кој партнер во партнерската мрежа.

Вредносниот ваучер кој сте го генерирале е со определен рок на употреба односно треба да се искористи заклучно со истекот на тековниот месец. Ова значи дека ваучерите не треба да ги генерирате во последните денови од тековниот месец, доколку не планирате веднаш да ги искористите.

Доколку не го искористите вредносниот ваучер во тековниот месец во кој сте го генерирале, истиот нема никаква вредност во наредниот. За тој ваучер не да можете да добиете поврат на поените или пак истиот да го заменете со друг ваучер.

Исплатата на пари вообичаено се врши за учеството во фокус група и улогата на таен купувач, односно кога сте ангажирани за активност која бара Ваше физичко присуство на одредена локација.

Со оглед на тоа дека ваквите активности носат поголема парична заработка, истите се исплаќаат со конкретен договор на дело, изработен врз основа основа на Вашите лични податоци од регистрацијата. Дополнително, договорот лично го потпишувате со своерачен потпис и приложувате соодветна документација на увид како потврда.




ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
НАШИТЕ КЛИЕНТИ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ВИДАТ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ.
Единствено што тие гледаат се агрегирани резултати за одредени критериуми, со што го добиваат само вкупниот број на наши членови, кои ги задоволуваат нивните критериуми на пребарување во нашиот систем.
На пр: Колку членови ги задоволуваат следните критериуми?
  • Да се на возраст од 20-30
  • Да имаат место на живеење во Битола или Скопје
  • Да се од женски пол
  • Да имаат интерес за мода

По составеното прашање до системот, нашиот клиент добива одговор за расположливиот број на членови кои ги задоволуваат бараните критериуми.

Доколку Вашиот профил креиран при регистрацијата, одговара на критериуми опфатени со прашањето на клиентот, Вие ќе бидете вклучени во неговата кампања без притоа да му бидат откриени Вашите лични податоци.

Вашите лични податоци единствено можат да се откријат на законски овластени државни органи во согласност со Законот за лични податоци и други закони.

Вашите испратени СМС пораки преку нашиот систем (спонзорираните и пораките од Вашата заработка) претставуваат дел од Вашите лични податоци.

За разлика од другите податоци, пораките не се употребуваат за никакви директни маркетинг анализи кои се поврзани со Вашиот профил и истите имаат комплетна загарантирана приватност и од страна на нашите вработени. Испратените СМС пораки задолжително се чуваат во системот одреден временски период, како доказ за Вашата комуникација и Вашето придржување кон Условите за употреба.

Иако во нашата маркетинг мрежа не прибираме никакви чуствителни податоци од посебните категории (матичен број, национална припадност, здравствена состојба и сл.), посветени сме на највисоко ниво на заштита и сигурност.

Вашите лични податоци кои ги внесувате во интернет регистрационата форма, како и Вашето најавување во системот се заштитени со https:// протоколот кој овозможува 128-битна енкрипција. Истиот можете да го забележите во лентата за адреси, а исто така доказ за оваа сигурност претставува и вообичаеното заклучено катанче.

Со ова, интернет конекцијата од Вашиот компјутер до нас е обезбедена со истото ниво на сигурност кое се користи и кај електронското банкарство.

Ние работиме во согласност со Законот за Заштита на лични податоци, Законот за електронски комуникации, останатите законски норми, како и светските препораки од овие области.

Нашата компанија применува разумни технички и организациони средства во согласност со законот и препораките на Дирекцијата за Заштита на личните податоци.

Во таа насока, ние претставуваме Регистриран контролор на лични податоци во Централниот Регистар што го води Дирекцијата за заштита на лични податоци. Како регистриран контролор, одржуваме Регистрирана збирка за Директен Маркетинг.

Физичката заштита на серверската платформа на која е хостиран системот е обезбедена од страна на Интернет Дата Хостинг Центарот на Македонски Телеком АД. Ова подразбира 100% светска стандардизирана заштита на личните податоци од физичка кражба на серверската платформа, како и дозволен физички пристап до истата, само на овластени лица од наша страна.

Нивотото на приватност кое произлегува од личните податоци, дополнително е подржано и од внатрешната политика на компанијата, која се базира на втемелените вредности за: Приватност и НУЛТА толеранција кон било кој вид на НЕБАРАНИ КОМУНИКАЦИИ (комерцијални маркетинг содржини кои се испраќаат до Вас, преку телефон или е-пошта, без Ваша согласност).

Внатрешната политика, подразбира усвоени етички правила и процедури за обработка на личните податоци, кон кои се придржуваат сите вработените, а задолжително оние кои се директно вклучени во самата обработка.

Со оглед на чуствителноста на дејноста во која дествуваме, посветени сме на континуирано учење и обуки за своите вработени, клиенти и партнери.

Доколку компјутерот што го користите е во Ваша сопственост и доколку имате соодветна заштита на ниво на оперативен систем, се препорачува опцијата Запамти ме на овој компјутер. Оваа опција овозможува да се најавите во нашиот систем автоматски, без да ја внесувате Вашата лозинка и корисничко име.

Доколку се најавувате во системот од јавен компјутер или компјутер што го користат повеќе лица, доколку имате чекирано Запамти ме на овој компјутер, секогаш по завршувањето на Вашите активности задолжително кликнете Одјави се. На тој начин вршите бришење на колачето кое се користи за автоматско најавување без внесување на корисничкото име и лозинка.

Доколку имате чекирано Запамти ме на овој компјутер и не кликнете Одјави се, доколку некое лице после Вас оди во делот Најави се, тогаш тој автоматски е најавен во системот со Вашето корисничко име и лозинка. Во овој случај ова лице може да ги злоупотреби Вашите лични податоци.




ПРОМЕНА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вашите лични податоци треба да бидат постојано точни и затоа е потребно да се ажурираат со најновите промени.

Вообичаени промени, на пример се: промена на телефонски број, промена на место на живеење, брачен статус, образование, занимање, промена на интереси и сл.

Промената на личните податоци можете да ја извршите на едноставен начин во делот Профил, откако претходно ќе се најавите во системот со Вашето корисничко име и лозинка.

Потребата од редовно ажурирање на Вашите лични податоци со најновите промени е повеќе од неопходна. Истата е директно поврзана со Условите на користење, Вашата заработка и со Вашето информирање.

Ова можете конкретно да го разберете преку следниот краток пример.

Пр: Да претпоставиме дека сте го промениле Вашето постојано место на живеење од Скопје во Битола, а притоа не сте ја ажурирале оваа промена во Вашиот Профил.

Доколку некој наш клиент сака да испрати рекламни СМС пораки до сите наши членови со постојано место на живеење во Битола, Вие нема да ја добиете таа порака, затоа што Вашето регистрирано место на живеење во системот е Скопје.

Со тоа што нема да ја добиете пораката, нема да остварите одредена заработка, а исто така нема и соответно да се информирате.

Доколку сте ја ажурирале новата промена на местото на живеење, Вие ќе ја добиете пораката, а со тоа ќе ја остварите полната синергија на заработката, бенефитите и соодветното информирање).

ПРЕПОРАКА: РЕДОВНО АЖУРИРАЈТЕ ГИ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НАЈНОВИТЕ ПРОМЕНИ

Доколку сте го промениле телефонскиот број со нов, потребно е ваквата промена задолжително да ја ажурирате.

Промената на телефонскит број можете да ја извршите на едноставен начин во делот Профил, откако претходно ќе се најавите во системот со Вашето корисничко име и лозинка.

Промената на телефонскиот број подлежи на повторна валидација. За да ја комплетирате промената на телефонскиот број, потребно е кодот кој сте го добиле преку СМС да го внесeте во предвиденот поле.

Вашата лозинка претставува Ваш клуч за влез во Вашиот приватен дел и затоа ужива високо ниво на заштита.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка тоа можете да го направите на безбеден начин доколку кликнете на линкот “Ја заборавив лозинката” на страната за најавување на системот.

Со ова добивате порака на Вашата е-пошта, во вид на линк кој треба да го кликнете. Линкот врши Ваша идентификација и отвора сигурносна https:// страна на која ја внесувате Вашата нова лозинка.

Доколку сакате да извршите нормална промена на Вашата лозинка, тоа можете да го направите во делот Профил. Прво ја внесувате старата лозинка, а потоа новата лозинка.

Никогаш нема да побараме да ја откриете Вашата лозинка за влез во нашиот систем, преку е-пошта или телефон.




ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВОТО
Доколку не сакате да бидете дел од нашата маркетинг мрежа, можете на едноставен начин и во било кое време да го откажете Вашето членство во делот Профил.
Со откажувањето на Вашето членство, Вие станувате деактивиран член.После ова Вашите лични податоци остануваат во нашиот систем 15 дена, во случај да се премислите и повторно да сакате да се станете активен член. Во овој период Вие не сте активен дел од нашиот систем, а со тоа и не Ви се нудат никакви активности за заработка. Доколку во овој период сакате да се станете активен член тоа може да го направите во истиот дел каде што сте го прекинале Вашето членство, откако ќе се најавите во системот со истото корисничко име и лозинка.

После 15 дена од Вашето откажување, Вашите лични податоци комплетно се бришат од нашиот систем, а со тоа и комплетно се прекинува Вашето членство во нашата маркетинг мрежа.

Доколку статусот на определен број на испратени рекламни СМС и ММС е неуспешен, системот автоматски го деактивира Вашето членство и Ви дава третман на пасивен член.

Повремено можете да добивате СМС пораки со кодови за потврдување. Ваквите кодови ќе треба да ги внесете откако ќе се најавите на системот, како доказ дека ги читате рекламните пораки. Доколку не внесете определен број на кодови, системот автоматски го прекинува Вашето членство и Ви дава третман на пасивен член.

Кога имате статус на пасивен член Вашите лични податоци сеуште се чуваат во нашиот систем, но не добивате никакви активности за заработка, се додека не се најавите во системот и не потврдите дека сте активен член во делот Профил.

Доколку се потврди дека Вашите лични податоци се неточни или доколку се претставувате со лични податоци на друго лице, Вашето членство ќе биде суспендирано, а личните податоци со кои сте ја извршиле регистрацијата ќе бидат избришани.

Доколку неовластено се регистрирате со лични податоци на друго лице, Вие вршите кражба на личен идентитет и соогласно тоа против Вас можат да бидат превземени соодветни законски дејствија.




ПОЛИТИКА ПРОТИВ НЕБАРАНИ КОМУНИКАЦИИ
Една од основните вредности на кои се базира нашата маркетинг мрежа е нашата политика против небарани комуникации со НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА кон било кој вид на комерцијални маркетинг содржини кои се испраќаат до Вас, преку телефон или е-пошта, без Ваша согласност.

Ваквиот став значи дека во ниту еден случај нема да испратиме никаква рекламна содржина на лица кои немаат дадено согласност, односно не се регистрирани членови во нашата маркетинг мрежа.

Со цел да се спречи злоупотреба на СМС пораките со лажно преставување на телефонските броеви, истите се составуваат и праќаат во одреден формат:
  • Кај примателот до кој ја испраќате порака, стигнува дека пораката е испратена од Вашиот телефонски број во формат 3897XXXXXX

  • Во телото на пораката се вметнува Вашиот личен текст со различен број на карактери во зависност од тоа дали испраќате спонзорирани СМС пораки или СМС пораки од заработка.
    За спонзираните СМС пораките текстот е во должина од максимум 90 карактери, а додека за СМС пораките од Вашата заработка текстот може да биде со максимална должина од 160 карактери.

  • Кај спонзорираните СМС пораки, веднаш после Вашиот текст се вметнува рекламна содржина за одреден клиент во должина од максимум 60 карактери. Рекламната содржина е обиколена од двете страна со “*”.
    Пр: * Besplatni SMS poraki WWW.BLUEZONE.COM.MK *
Спонзорираните СМС пораки иако содржат рекламна содржина за одреден наш клиент кој го покрива трошоците на пораките, НЕ ПРЕТСТАВУВААТ НЕБАРАНИ КОМУНИКАЦИИ (СПАМ), затоа што истите имаат третман на лична комуникација која потекнува лично од Вас.

Како и обичните СМС пораки кои ги испраќате преку мобилниот телефон, спонзорираните пораки треба да ги испраќате на Вашите пријатели и роднини, односно само на лицата кои ги познавате и со кои имате соодветна комуникација. За нив, Вашите спонзорирани СМС пораки имаат вистинска вредност која произлегува од Вашиот текст и токму затоа рекламната содржина се прифаќа како препорака со позитивен впечаток и не се третира како СПАМ.

Пред да се испрати пораката добивате преглед на изгледот, со цел да ја видите вметнатата рекламна содржина. Иако рекламните содржини подлежат на прелименарна проверка и одобрување од наша страна, со цел да бидат во согласност со важечките законските и морални норми, конечната одлука за оценката на рекламната содржина Ви е оставена на Вас.

Доколку сте уверени дека и сами би ја препорачале таквата рекламна содржина, како и дека истата одговара на возраста на Вашиот пријател или роднина до кој ја испраќате, тогаш потребно е само да дадете согласност со едноставен клик и Вашата порака ќе биде успешно испратена. Во поглед на возраста треба да внимавате, со цел да спречите испраќање на спонзорирана СМС порака до малолетно лице, која содржи одредена рекламна содржина неприфатлива за неговата возраст.




РАЗНО

Во согласност со политиката на Blue Zone, поените за испраќање на веб СМС пораките немаат комерцијален карактер, односно не се продаваат за пари.

Веб СМС пораките можат да се испраќаат само со поени, кои се заработени со активности во нашата маркетинг мрежа.

Доколку сакате да купите веб СМС пораки, Ве упатуваме кон нашите мобилни оператори кои го нудат овој тип на услуга.


   
 
 
Copyright © 2011, Bluezone - За нас | Услови за употреба | Политика на приватност | Политика против небарани комуникации