|
Се наоѓате во оптимистичка фаза. Искрено верувате дека она во што долго сте вложувале, повеќекратно ќе Ви се врати. Така и ќе биде, не грижете се.
Работа: Многу Овнови ќе имаат јавни настапи во кои нивниот талент ќе дојде до израз. Успешни деловни потфати.
Здравје: Воглавно добро. Кога сте среќни и задоволни – здрави сте. По којзнае кој пат се уверувате во тоа дека Вашите болести доаѓаат од главата.
Љубов: Некој Лав и Стрелец до таа мера Ве фасцинираат, да не знаете за кого да се определите. И двата знака се идеална варијанта.
Совет: Морате да внимавате на арогантното и дрско однесување. Ако сте успешни, не морате да бидете и вообразени.
|