|
Пречувствителни сте и размазени. Ете како може да се протолкува Вашата моментална состојба.
Работа: Не сте задоволни со работата, па размислувате за дополнителен ангажман. Моментално на видикот не се гледаат пари, но нив можете да ги очекувате. Меѓутоа, од нив и тешко се разделувате.
Здравје: Можни се проблеми со бубрезите или ментална конфузија. И едното и другото побарува посериозен третман.
Љубов: Со некоја Вага сте во целосен расчекор. Тој сака да излегува и да троши, а Вие да седите помеѓу четири ѕидови и да ги броите парите. Караницата е последица на различните погледи.
Совет: Само со трпение можете да ја надминете кризата која Ве следи од ден во ден. Она на што треба дополнително да посветите внимание се лагите и скандалите. Пазете се од разделби.
|