|
Свесни сте дека морате да го менувате стариот начин на живот затоа што тоа го бараат околностите. Ќе имате среќа бидејќи се создаваат можности за напредување.
Работа: Успех можете да очекувате само во областите поврзани за психологијата, анализата и духовната работа. На материјално поле – не Ви цветаат розите.
Здравје: Можни се проблеми со уринарниот тракт во вид на инфекција. Ништо посериозно, но морате да бидете упорни доколку сакате да ја санирате состојбата.
Љубов: Со некоја Шкорпија може, но не мора да дојде до посериозна врска. Страстите се нагласени, па можете да се надевате на врска пропратена со бурен секс.
Совет: Трпеливо прифатете ги сите работи, и добрите и лошите, иако агресијата е малку повеќе изразена. Пробајте да дадете сè од себе за да ја сведете на разумни мери.
|