|
Предност му давате на уживањето во сите овоземски работи. Ориентирани сте уметнички, со нагласена боемска црта.
Работа: Тешко Ви е да почнете да работите, но кога нешто ќе одлчите, ја нема таа сила што може да Ве запре. Тврдоглави сте, но и успешни.
Здравје: Сите болести поврзани со претерувањето. Дококу се одмарате повеќе и поправилно се исхранувате, нема да имате проблеми.
Љубов: На животот гледате како на гозба, а на партнерот како на добар залак. Внимавајте да не се прејадете. И покрај сè, евидентни се љубомората и посесивноста.
Совет: Потребно е да воспоставите контакт со природата, правилно да живеете и да пробате да склучите мир со самите себе.
|