|
 
Mariah Carey освен што деновие избегнува алкохолни пијалоци, а не сака ниту да демантира ниту да потврди дека е трудна, сепак најавува дека наскоро ќе и се случи нешто многу убаво.
Имено, на неодамна одржаното доделување на наградите Independent Spirit, Mariah Carey им откри на новинарите дека наскоро ќе и се случи нешто многу убаво и посебно, но не сакаше да прецизира за што станува збор. Секако, веднаш почнаа шпекулациите и претпоставките, па е забележана нејзината нестабилност, одбивањето на алкохолни пијалоци, а се коментира и нејзината тежина.
Инаку, Mariah изјави дека во моментот преговара околу три нови филма, откако оствари одлична улога во филмот „Precious“, за кој актерката Mo'Nique го освои Оскарот за најдобра споредна женска улога.
|